И во третото меѓусебно соочување, Академија Пандев излезе победник а Беласица својата шанса за славје ќе ја бара во април како гостин во Турново. На стадионот Младост, Дориев ја донесе радоста за пандевци во 19 минуата по катастрофалната грешка на голманот на синобелите Вујанац. Со ова победа 11 та во првенството, Академијата на Горан Пандев го ,,претекна,, Вардар и сега се втори на табелата со вкупно 36 бода
Што се однесува до мечот на Младост, во првото полувреме немаше многу возбудувања иако поконкретни и поофанзивни беа ,,гостите,, наспроти синобелите. Единствената шанса во гол ја претвори Љупче Дориев кој го искористи киксто на голманот Вујанац. Но за разлика во првите 45 минути вторите беа далеку повозбудиви.
Беласица притисна, се обидуваа преку Георгиев, Балдовалиев, Мирчевски но мрежата на Чубраковиќ остана мирна а и имаше среќа пред се по слободниот удар на Балдовалиев кој заврши во стативата. Чубраковиќ беше на висина на задачата и во конкретните дуели со фудбалерите на Беласица кои на 5-6 метра не успеаваа да го најдат виситнкиот пат. На спротивната страна Стојковски, Крстовски се заканувааа но резултатот остана непроменет
Беласица со овој пораз се закова на дното од табелата. Сега е претпоследна а пандевци полека си ја отвараат и вратата за излез на фудбалска европа