Со денешните мечеви од 33 коло заврши годинашнава првенствена фудбалска сезона по што познати се дилемите околу распределбата на позициите. Со победата над Борец од 3:1 Академија Пандев обезбеди Прва лига за следната сезона додека тимот на Беласица кој денеска беше поразен од Пелистер наесен се сели во Втората лига.
Шкендија е новиот Шампион. Освен овој тим во Европа преку македонското првенство излегуваат и Шкупи и Струга, додека бараж за опстанок ќе играат Ренова и Силекс. Освен Беласица во Втора лига се сели и скопски Вардар