Младинците на Академија Пандев претрпеа пораз од бразилскиот Флуминенсе со 3;1 во рамките на второто коло од ЦЕЕ Купот во Прага Чешка. Руан во 19 минута го откри резултатот но Александар Мишов во второто полувреме или поконкретно во 51 носи израмнување 1:1.
Струмичани дуелот го загубија во последните 30 минути кога Густаво во 58 и Естевао во 87 минута го поставија конечните 3:1. Сега пандевци треба да го почекат исходот од дуелот Флуминенсе и Бохемијанс. Со победа на Бохемијанс можно е Академија Пандев да се бори за висок пласман