Тимот на Академија Пандев кој веднаш по новогодишно божиќните празници ги почнаа подготовките за пролетниот дел од првенството, од вчера ги почнаа и контролките. Првата контролна средба ја имаа со тимот на Беласица од Петрич Бугарија против која на игралиштето Филип Лазаревски во Струмица славеа со 5:0
Новото засилување Стојанче Велинов заедно со Љупче Дориев , Илија Донев и Марио Крстовски ги постигнаа головите за Академијата против гостите од Петрич а веќе во среда, средба е закажана против Струмска слава од Бугарија
По овој контролен тест, пандевци во петок заминуваат за Анталија каде ќе ги продолжат подготовките со контролни средби со цел да се подигне нивото на воиграеност пред стартот на пролетниот дел од шампионатот
Академија Пандев е трета на табелата а обезбеди и пласман во полуфиналето од КУПОТ