Младинската и кадетската екипа на Академија Пандев ги освоија сребрата во Куот откако денеска на СРЦ ,,Билјанини извори,, во Охрид загубија во финалните мечеви против Работнички.
Младинците на Академија Пандев не разочараа. Судијата Ралевски од Битола според многумина ,, кумуваше,, на победата на романтичарите од Скопје. Како што пристигаат информациите од Охрид тој со своите одлуки го ,,расипа,, големото КУП финале во младинска конкуренција, каде пандевци не можеа да се борат на два фронта и загубија со 3:1.
Пред младинското , се одигра и кадетското КУП финале каде заслужено славеа надежите на Работнички со 3:0.