• Fri. Nov 22nd, 2024

Оштетените од Еуростандард банка излегуваат на нов протест

Оштетените од пропадната Еуростандард банка најавија дека ќе одржат втор протестен собир пред зградата, на Народната банка.

Како што наведуваат, локацијата е одбрана затоа што Народната Банка е еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат.

Протестот ќе се одржи на 30 октомври, едне ден пред светскиот ден на штедењето, со почеток во 15 часот.Ги повикуваме на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на кој било начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните, а не на криминалците. На 30 октомври ќе протестираме, а на 31 октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно – се вели во повикот.

извор: http://republika.mk

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *