• Fri. Nov 22nd, 2024

Очекувам соработка со Советот за брз прогрес на општината на сите полиња, рече градоначалникот Јаневски на првата седница на Советот

ByВане Трајков

Oct 24, 2017

Првиот човек на општиина Струмица Коста Јаневски беше присутен на денешната конститутивна седница на Советот и ги поздрави сите членови при што од нив побара максимално залагање во интерес на сите граѓани на општината

,, Очекувам како нов Градоначалник уште од самиот старт да воспоставам добра соработка со Претседателот на Советот и со сите советници, оти таквата соработка е повеќе од неопходна за доброто на општината и сите нејзини граѓани. Како поранешен член на Советот подготвен сум да ги споделам моите стекнати искуства со сегашните советници. Апелирам до сите советници и од опозицијата и од позицијата заеднички да работиме за интересите на граѓаните. Искрено се надевам дека само на тој начин ке овозможиме брз прогрес на општината на сите можни полииња. Граѓаните тоа го очекуваат од нас и ние сме должни да ги исполниме тие очекувања,, рече Јаневски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *