Здружението Култ транзен од Струмица направи истражување колку општините од Југоистокот изминативе четири години издвојуваат средства за културата. Паралелно направија база на податоци колку локалните самоуправи успеале да обезбедат средства од меѓународни фондови за ова дејност, кој е профилот на вработените во културните институции и кој се грижи за креирање на програмите за култура….
Во продолжение видео сторија за резултатите од истражувањето на Култ транзен од Струмица во рамките на проектот „Отчетни општини за повидлива култура“ како дел од проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Комисија во Р. Македонија.
Целта на проектот е да изготви анализа на буџетските средства на општините од југоисточниот плански регион наменети за култура, да ја утврди развојната можност на локалните културни политики во иднина, како и да го зголеми граѓанскиот интерес за културата преку анализа на потрошените средства на општините во Југоисточна Македонија.