„Денес во Нова Маала дадениот збор кон сите граѓани за оваа улица почна да се реализира. Се решава деценски проблем, нема повеќе заборавени граѓани на општина Василево“, истакнува градоначалникот Славе Андонов.
Во наредниот период ќе се проектираат останатите улици кои заедно со жителите на Општина Василево се договорени како приоритет за нивните населени места.
Во населеното место Нова Маала за две години се инвестирани финансиски средства во капитални проекти околу 16.000.000 денари:
Асфалтирана е улицата на влезот во населеното место Нова Маала;
Асфалтиран е локалниот пат Нова Маала – Добрашинци;
До крајот на месец септември ќе заврши партерното уредување на центарот во Нова Маала.
Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што до сега никогаш немало асфалт.
Градежната офанзива се одвива со силна динамика.