„Решаваме деценски проблем, нема повеќе заборавени граѓани на општина Василево“, истакнува градоначалникот Славе Андонов.
Во наредниот период ќе се проектираат останатите улици кои заедно со жителите на општина Василево се договорени како приоритет за нивните населени места. Во изминатиот период се асфалтираа неколку улици кои се опфатени во првата фаза, а асфалтирањето продолжува и во наредните денови.
Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што до сега никогаш немало асфалт.
Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.