• Fri. Nov 22nd, 2024

Ото Вагнер – архитектот којшто ја задолжи Виена

Стогодишнината од смртта на еден од најголемите австриски архитекти беше повод за грандиозна изложба во престолнината на оваа држава. Изложбата беше отворена половина година, од март до октомври 2018, и имаше за цел да го открие Ото Вагнер во едно поинакво светло, во какво дотогаш не бил виден.

Вагнер бил виозионер препознавајќи дека архитектурата заснована на минатото не одговара на политичката, економската и општествената динамика на неговото време. Како одговор на тоа создавал архитектура на иднината која се темели на функционалност, материјал и конструкција. За претставниците на виенската модерна, радикалните нацрти на Вагнер значеле поместување, а за чуварите на традицијата – провокација. Токму заради тоа многу негови проекти останале недовршени, како на пример планот за „Градски музеј“ на Карлсплац (плоштадот на Карл), на чие место подоцна е изграден „Историскиот музеј на градот Виена“, односно денешниот „Виенски музеј“.

Изложбата го зазема целиот горен кат на музејот, односно површина од над илјада квадратни метри. Со тоа, овој настан е трипати поголем од вообичаените изложби во Виена. Освен делата на Вагнер на изложбата детално е прикажан уметничкиот, културниот и политичкиот контекст на неговото создавање, како и уникатните предмети кои сведочат за неговата харизма и слава – скапоцени цртежи, модели, мебел, слики и слични предмети.

Поголемиот број од изложените експонати, околу 500 примероци, се дел од неговата оставштина, која се смета за најголемо богатство во збирката на „Виенскиот музеј“. Со изложените предмети во јавноста првпат можат да се видат врвни дела на партнерските институции, како на пример, „Кабинетот на графика и цртежи“ на Академијата за ликовни уметности во Виена, музејот Албертина и други.

Основни теми на изложбата – од метрополски визионер до мајстор на маскиеањето

На изложбата за првпат се разбработува Вагнеровата рана фаза во која бил вдахнат од познатата виенска улица со прстенест облик: Рингштрасе. Спротивно на тогашната современа стилска архитектура, неговите дела зрачат со слободна ренесанса која се темели на материјал и конструкција. Во тоа време Вагнер многу успешно купувал недвижнини и градел станбени згради за издавање, со што подоцна си обезбедил финансиска независност.

Најголем акцент на оваа изложба е ставен на Вагнеровата визија за метропола, од планот за изградба на Виена од 1893 година, до најголемата нарачка во неговата кариера – изградбата на Виенската градска железничка 1894 година. Средбата со техничките барања на модерниот сообраќај претставува пресвртница во Вагнеровото создавање. Подеднакво значајно било местото професор на Академијата за ликовни уметности кое му било понудено истата година. Во креативната размена со студентите Вагнер се отворил кон актуелните тенденции во уметноста и со тоа станал основач на виенската сецесија. Истовремено со помош на својата школа можел да влијае на младите архитекти и на тој начин да ги шири своите идеи. На изложбата во посебен дел се обработува неговата кратка, но интензивна сецесионистичка фаза. Во тоа време настанале спектакуларните нацрти за новоградбата Академија на современа уметност, модерна црква и други градби во кои Вагнеровото воодушевување од цртањето најмногу доаѓа до израз.

Останатите не помалку компексни цртежи ги прикажуваат Вагнеровите залудни обиди да му изгради модерна империјална архитектура на кралот Франц Јозеф. Обидот да го пронајде својот израз ќе го доведат Вагнер до проектот кој најдолго и најинтензивно го окупирал: Градскиот музеј на Карлсплац. Вагнер во периодот од 1900 -1910 неуморно работел на нацртите за модерба изградба на овој споменик на културата. Истовремено можеле да се чујат и првите остри критики поради Вагнеровата радикална архитектура која прекинува со традицијата. Најпосле неговите конзервативни противници успеале да го прекинат планираниот проект.

Со изградбата на црквата на Штајноф и Поштенската банка, Вагнер успеал да изгради две клучни архитектонски градби на 20 век. Како што поштенската банка била прва функционална градба, на Штајнхоф Вагнер ја создал првата модерна црква. Наспроти традиционалните камени градби се обложени со имитации на вистински, и всушност попристапни мермерни плочи, со помош на кои Вагнер се прослави како мајстор на маскирањето. Додека никнувале овие објекти, Вагнер правел нацрти за хотели, болници, цркви, музеи, министерства итн. Тие можат да се протолкуваат како модели на метрополата на 20 век. Вагнер во 1911 ја објавил книгата во која ја опишал својата визија за иднината на архитектурата во една метропола. Истовремено ги реализирал своите последни станбени згради кои се намалени и зрачат со радикална едноставност. Со нив се најавува архитектурата на „Нова градба“ во дваесетите години на минатиот век.

Најголем дел од овие планови, за жал, не стигнал подалеку од хартијата. Во тоа време Вагнер бил на врвот на својата светска популарност. Кога во 1911 година наполнил 70 години, славен е како најголемиот жив архитект.

Со почетокот ан Првата светска војна се почнати многу градежни проекти. Вагнер размислувал целосно да се ангажиракако дизајнер. Многу го погодила раната смрт на саканата сопруга Лујза во 1915 година. Во последните години од животот се’ повеќе се повлекува од јавноста. Нацртите за дрвените бараки, цркви и споменици на војниците сведочат за неговото бавење со актулени теми. Вагнер умира во 76 година од животот во април 1918 година. Со падот на монархијата, граѓанскиот концепт на архитектура и култура ја губи својата основа – револуционерните идеи на движењето „Нова градба“ на дваесетите години на 20 век ја отфрлаат секоја врска со минатото. Пионерите на модерната набрзо одат во заборавот. Во знак на сеќавање на Вагнер, како предвесник на модерната, кренат му е споменик на Балхаусплац во 1930 година. По Втората светска војна неговите градби биле во опасност од напуштање. Дури во шеесетите години на 20 век полека се менува мислењето за него во јавноста. Во меѓувреме делото на Ото Вагнер е признато како составен дел на културното наследство на Австрија, а истовремено неговите градби ги посетуваат милиони туристи од целиот свет.

Фотографија 1: Павилјонот на Ото Вагнер на Карлсплац

Фотографија 2: Црквата „Св. Леополд“ на Штајнхоф

Фотографија 3: Внатрешноста на Поштенската банка

извор:  www.wienmuseum.at

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *