• Fri. Nov 22nd, 2024

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија

На 06.07.2020 во 23.40 часот во атар на с.Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција- Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од с.Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци. Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *