• Fri. Nov 22nd, 2024

Откажан протестот против полицискиот час

Протестот, кој пред неколку дена беше најавен на социјалните мрежи против полицискиот час, нема да се одржи. Емилија Богатинова, една од организаторките на протестот, ја повлече објавата на закажаниот настан од Фејсбук.

Протестот е откажан од неколку причини и тоа поради недоволната заинтересираност, здравствените препораки, најавите дека ќе има ист таков протест, но и да се избегнат масовни собирања на граѓаните, пренесе Макфакс.

Протестот беше закажан под мотот „Сите ние кои сметаме дека ова треба да заврши, сите кои сме свесни“, а требаше да се одржи во недела од 12 до 14 часот пред Владата.

На само два дена пред одржувањето на овој протест на Фејсбук на протест повика и Драган Угриновски, претседател на движењето „Тврдокорни“, кој требаше да се одржи во сабота во 13 часот исто така пред Владата против полицискиот час, 5G антените и задолжителното вакцинирање. Но, и тој на својот фејсбук профил, објави дека протестот е откажан, како што вели, поради забараната за одржување протест со прогласувањето на трета по ред вонредна состојба

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *