• Fri. Nov 22nd, 2024

Отворени шахти кај „Герас Цунев„ длабоки и половина метар, реална опасност за пешаците

By

Dec 30, 2021

Отворени шахти на тротоарот покрај поранешната конфекција ,,Герас Цунев’’ преставуваат опасност за пешаците кои секојдневно поминуваат на овој дел од улицата ,,Гоце Делчев’’ во Струмица. Станува збор за шахти кои своевремено беа затворени со метални капаци но најверојатно се украдени, па сега истите ,,зјаат’’ отворени и со мало невнимание може пешаците да се испокршат во дупките длабоки и половина метар.

За овој проблем реагираа и до нашата редакција преку апликацијата ,,Ѓраѓански новинар’’ . Наши гледачи преаку ова апликација побараа надлежните да ги санираат овие отворени шахти кои може да направат сериозни проблеми за пешаците.

Шахтите на тротоарите на улицата ,,Гоце Делчев’’ покрај поранешната конфекција ,,Герас Цунев’’ отворени стојат повеќе месеци. Граѓаните реагирале до општината но од таму како што велат, немало реакција да се реши проблемот

Со оглед дека станува збор за водоводни шахти се обративме до ЈПКД Комуналец од каде ветија дека во брзо време истите ќе се санираат односно затворат.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *