• Fri. Nov 22nd, 2024

Отворени сите гранични премини за Грција

Отворени сите гранични премини за Грција

По најавите дека Грција ќе ги отвори сите копнени гранични премини кон соседните земји, официјалната министерска одлука е веќе објавена во Службен весник, па така, од вчера, влезот кај јужниот сосед од Македонија можен е, освен преку Евзони (Богородица) и преку Ники (Меџитлија) и Дојран, јави дописничката на МИА од Атина.

За разлика од претходно, кога преминот Богородица работеше со ограничено работно време, сега, согласно новата одлука, сите гранични премини работат 24 часа.

Во одлуката „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е во сила до 8 јули 2021 година, за патување во Грција, задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *