Здружението за култура Транзен по шести пат ја реализираше изложбата „Несовршен простор“. Се доделува и наградата „Владимир Георгиевски“, во сеќавање на големиот мајстор на ликовната уметност, професорот Владимир Георгиевски.
Добитник на наградата оваа година е младиот ликовен уметник Ѓорги Динев, а изборот на победникот беше направен во соработка со проф. д-р Фехим Хусковиќ.
Оваа година наградата ја финансира и доделува семејството на професорот Георгиевски.
Изложбата е поставена во просториите на Europe House Струмица и финансиски е поддржана од Делегацијата на ЕУ во Република С. Македонија.