Пет осудени лица, меѓу кои и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во затворот во Штип се позитивни на ковид-19.
Покрај осудените, позитивни на коронавирусот се и тројца вработени.
Чавков, како поранешен директор на БЈБ, во штипскиот затвор издржува затворска казна од 16 години која ја доби во судскиот предмет за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.
Тој првично доби 18 години, но Апелација му ја намали казната за две години.