• Fri. Nov 22nd, 2024

Осма седница на Советот за реформа на јавната администрација: Поддршка за важноста од имплементација на проектот за реорганизација на органите на државната управа

Советот за реформа на јавната администрација (Совет за РЈА), со кој претседава премиерот Зоран Заев, ја одржа осмата редовна седница. На седницата покрај членовите на Советот, присуствуваа и останатите министри во Владата, пред кои беа презентирани клучните постигнувања на ИПА 2 Проектот „Поддршка на државната реорганизација“, финансиран од страна на Европската Унија.

Како што подвлече премиерот Заев, реорганизацијата на државните органи е една од клучните реформи за подобрување на јавната администрација, реорганизација е еден од стратешките приоритети на реформата на јавната администрација, нагласен и во Програмата на Владата. Оваа операција е нешто што историски, за првпат се прави во нашата држава. Поставувањето на јасни линии на отчетност, спојувањето на институции со исти надлежности и намалувањето на нивниот бројот на институции  ќе придонесе кон зголемување на професионалноста и ефикасноста на јавната администрација.

Целта на овој проект е да се оптимизира целокупната институционална рамка, да се зајакне испораката на јавните услуги и да ги унапреди етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација.

Клучните постигнувања во рамки на проектот, како и следните чекори за кои е неопходна институционална поддршка, но и поширок општествен консензус ги презентираа Слаѓана Тасева, тим лидерот на проектот, Александар Антоновс, клучен експерт и проф. д-р. Искра Аќимовска Малетиќ, сениор експерт.

Експертите истакнаа дека глобална цел е институционална реорганизација и оптимизација усогласена со заложбите во рамки на буџетските реформи и намалување на бројот на буџетски корисници.

На состанокот, експертите ја презентираа потребата од измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и првичните согледувања за идната државна организација, базирани на досега остварената соработка со институциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *