• Fri. Nov 22nd, 2024

Османи во Софија на конференција за ЕУ и Балканот

Османи во Софија на конференција за ЕУ и Балканот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, по посетата на Берлин, денеска ќе престојува во Софија каде што ќе учествува на меѓународна конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштитата од војна“.

Покрај Османи, на конфернцијата најавено е учеството и на шефовите на дипломатиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, како и на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Ним ќе им се придружат еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчек и специјалниот пратеник на британската влада за Западен Балкан Стјуарт Пич. Видео обраќање до учесниците ќе има генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и вицепремиерката на Украина Олга Стефанишина.

– Ги нформирав германската Влада и германскиот Бундестаг за чекорите кои ги презеде Република Северна Македонија за да постигне стопостотна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ и со тоа покажа зрелост, но и доследност како партнер на Европската Унија, но и НАТО-член во регионот, а секако ја информирав Владата и Парламентот за текот на разговорите со Република Бугарија. Притоа констатирајќи дека е време Република Бугарија да покаже стратешко лидерство со цел да се прекине овој токсичен круг на односи којшто се провлекува со години и остава трајни последици помеѓу граѓаните од двете страни на границата, а секако и ЕУ да презема стратешко лидерство кон регионот заради тоа што овие историски моменти го наметнуваат токму тоа, изјави Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *