Едвај врзуваат крај со крај, а не пак да плаќаат осигурување. Ова е само една од причините поради кои дел од македонските земјоделци и понатаму не ги осигуруваат посевите, сметаат некои земјоделци. Данаил Паланков од струмичко Муртино не ги осигурува своите насади, а според него на вакво размислување се и повеќето земјоделци кои ги познава.
Иако цените за осигурување не се високи, Паланков смета дека мал број земјоделци ги осигуруваат насадите.
Праксата покажува дека по елементарна непогода се зголемува интересот кај земјоделците за осигурување на своите имоти.
Инаку осигурителните компании покриваат штети од поплави, град и пожар.