• Sat. Nov 23rd, 2024

Општинската зграда во Радовиш под клуч. Вработена позитивна на Ковид 19

Општинската администрација во Радовиш нема да работи наредните денови, оти вработена во општината е позитивна на Ковид 19 .Општината  излезе со известување дека од денес општинската администрација нема да работи. Во известувањето се вели:

„ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ,
ПОРАДИ НОВОНАСТАНАТАТА СОСТОЈБА СО КОВИД-19, ОПШТИНА РАДОВИШ НЕМА ДА РАБОТИ ВО ПЕТОК (17.07.2020).

ВО ПОНЕДЕЛНИК (20.07.2020) ЌЕ ВЕ ИЗВЕСТИМЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ЗА ПОНАТАМОШНАТА РАБОТА НА ОПШТИНАТА“.

Во разговор со градоначалникот Герасим Конзулов, рече дека поради зголемениот број на позитивни случаи во градот, односно со појавата на 11 нови случаи на Ковид -19, од кои еден случај е вработен во општинската зграда во Радовиш, се преземаат превентивни мерки за да не дојде до проширување и појава на нови случаи.

„Ќе се изврши целосна дезинфекција на просториите во општината а во понеделник ќе се донесе дополнителна одлука за понатамошната работа на општината“, вели Конзулов.

Инаку во Радовиш во моменотот има регистириано 11 нови случаи од кои едно лице е со адреса на живеење во Штип, но има поголем број на лица со решение во изолација , поради контакт со веќе регистрираните нови случаи позитивни на Ковид -19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *