Општина Струмица вчера објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги од Агенцијата за привремени вработувања.
Според објавата на Бирото за јавни набавки станува збор за договор со проценета вредност од 125 илјади евра без ДДВ , во денарска против вредност 7милиони и 700 илјади денари.
Средствата се наменети за паричен надоместок за период од 12 месеци за лицата кои ќе бидат работно ангажирани од страна на општината.
Во подеталениот опис на предметот на договорот за јавна набавка стои дека за потребите на Општина Струмица врши јавна набавка на услуги за – Ангажирање на агенција за привремени вработувања.
Општинската администрација денес не е на работа па неможевме да обезбедиме информација , за колку работни позиции станува збор и во кој сектор истите ќе бидат распределен.