Општина Струмица ја исплати еднократната парична помош од 2.000 денари на семејства со првачиња за првпат запишани во учебната 2023/2024 година во основните училишта во општина Струмица.
Сите семејства кои доставија барања добија финансиска помош, а оваа можност сѐ уште е отворена за семејствата кои од различни причини досега не доставиле барање, но најдоцна до 30.11.2023 година.
- „И за оваа нова учебна година, мојот збор даден за првачињата е исполнет“, истакна градоначалникот Костадинов.