• Fri. Nov 22nd, 2024

Општина Струмица со реакција на прес конференцијата на Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ

Факт е дека жителите во населбата Софилар, имаат проблеми, но факт е и дека Општина Струмица прави се истиот да го реши.  Уште во декември 2017 година се одржа средба со жителите со цел да се забрза процесот со урбанизацијата на бесправно изградените објекти, односно, доставувањето на елаборатите за да може да се донесе деталниот урбанистички план и потоа да се изгради целокупната инфраструктура која ќе им обезбеди подобри услови за живот. 

            Иако доставувањето на елаборатите не се одвиваше според договореното, сепак легализацијата на бесправно изградените објекти е веќе завршена, по што е завршена и постапката за носење на Деталниот урбанистички план за блоковите 39 и 40.

          Направена е нова ажурирана подлога со снимање на сите изградени објекти, планската програма е усвоена и за десетина дена планот ќе биде изложен на јавна презентација.  Во меѓувреме, Општината работи на изготвување на проект за инфраструктура и основен проект за изведба на патната инфраструктура во оваа населба.

            Со изработка на алатката Урбана Ревизија во која се одредени реалните потреби на граѓаните по населени места, каде како „приградска населба“ се одделуваше токму населбата Софилар, Општина Струмица аплицираше и обезбеди грант од Светска банка за реализација на планираните проекти за оваа населба.

           Ова значи дека во изминатите 2,5 години Општина Струмица не ги игнорираше жителите од Софилар и нивните проблеми, напротив, работеше на целосното завршување на започнатата постапка за легализација на бесправно изградените објекти и донесувањето на Деталниот урбанистички план, што е единствен услов за изградба на целокупната инфраструктура којашто ќе им обезбеди подобри услови за живот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *