• Sat. Nov 23rd, 2024

Општина Струмица реализира прекуграничен проект со Петрич за заштита од пожари и поплави

ByВане Трајков

Sep 18, 2020

Општина Струмица во моментов спроведува повеќе проекти кои се финансирани од фондовите на Европската Унија преку Програмите за прекугранична соработка.Еден од нив е проектот „Заштита на локалното население од општините Петрич и Струмица од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот”, кој е финансиран од фондовите на Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Во проектот предвидено е набавка на модуларен систем, односно, повеќенаменско возило со голема проодност, кое ќе се користи за поплави и шумски пожари и ќе овозможи зголемена безбедност и заштита на населението, како и подобрена институционална подготвеност за заштита и спречување на природни непогоди и катастрофи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *