• Sat. Nov 23rd, 2024

Општина Струмица распишува конкурс за Годишната награда „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

ByЃ. K.

Nov 2, 2023

1. Годишната награда на Општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се доделува како признание на Општина Струмица на правни и физички  лица од Општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во:  стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес  за развој и афирмација  на Општина Струмица во Република Северна Македонија и пошироко.

2. Годишната награда се доделува за остварувања  реализирани во период од една година, сметано од завршувањето  на огласот  и за остварувања  во период подолг од десет години  како награда за животно дело.

3. Наградата на поединци  и група творци се состои  од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица и бронзен медал со ликот на „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.

4.Наградата на  правни лица  се состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица и бронзен медал со ликот на „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.

5.Наградата на лица од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации  или на нивни претставници,  се  состои од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица и бронзен медал со ликот на „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.

6.Наградата за животно дело се состои  од диплома, плакета со грбот на Општина Струмица и бронзен медал со ликот на „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.

7. Право  за предлагање на  кандидати за наградата имаат: научни, стручни, стопански и други организации и заедници и граѓани – поединци.

8. Предлозите за награда треба да содржат: биографија на лицето или организацијата што се предлага со детално образложение на постигањата, заради кои се  доставува предлогот.

Предлогот треба да биде поткрепен со соодветна документација.

9. Предлозите во6 (шест) печатени примероци се доставуваат на адреса: Комисија за опшествени дејности  при Советот на општина Струмица со назнака  за Годишна награда или животно дело, Струмица,  лично во архивата на Општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Струмица, улица „Сандо Масев” бр. 1 Струмица.

10. Конкурсот трае заклучно со 23 ноември 2023 година. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

Предлагачот е потребно да го наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.

Формулар за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица или да се најде на веб страницата  www.strumica.gov.mk.

By Ѓ. K.