Денеска со претседателот на Институтот за добро управување и евро – атлантски перспективи, Бојан Кордалов, потпишавме Меморандум за соработка меѓу Општина Струмица и Институтот, со цел промовирање на начелата на добри практики во сферата на доброто управување и евро – атлантски перспективи, напиша градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на неговиот ФБ профил.
Според него, акцентот на соработката е поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација. Од оваа соработка се очекува подобрување на јавните сервиси со цел зајакнување на довербата од граѓаните и нивно вклучување во процесите на одлучување.