Општина Струмица останува да биде добар партнер за соработка на мисијата на ОБСЕ во нашата земја. На работилницата во промовирањето на демократските принципи на полицијата и полициското работење во заедницата преку размена на добри превентивни практики којашто се одржа Гевгелија, активно учествуваше Ѓорги Аризанов сообраќаен инспектор и секретар на Локалниот совет за превенција на општина Струмица.
После одржаните успешни состаноци во Црна Гора, Аризанов во името на општина Струмица ја имаше честа на оваа работилница да одржи презентација за „Функционирањето и начините на ангажирање на полицијата и локалните власти во Локалниот совет за превенција Струмица“. Мисијата на ОБСЕ прва го препозна успешното функционирање на Локалниот совет за превенција на општина Струмица и го предложи како модел за решавање на локалните проблеми и на останатите општини.