• Sat. Nov 23rd, 2024

Општина Струмица организира акција за чистење на отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2024

ByЃ. K.

May 15, 2024

Заштитата на животната средина е еден од приоритетите на општина Струмица. За чиста и убава Струмица и годинава ја организира акцијата за чистење на отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2024.

Акцијата ќе се одржи на 17.05.2024 (петок) со почеток во 9 часот во индустриската зона Север покрај Агрокор.

Во акцијата ќе учествуваат вработени во Одделението за заштита на животната средина, основни училишта, Општинската организација на Црвен крст, локални поддржувачи, а е отворена и за сите граѓани кои сакаат да го дадат својот придонес за чиста и убава Струмица.

Целта на акцијата е да се собере што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската локална станица за отпад и да се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.

By Ѓ. K.