Поради неисполнетиот број на предвидени пријави, Градоначалникот на Општина Струмица го продолжува рокот за поднесување на пријави по Јавниот повик за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во Струмица, кој беше објавен на 15.01.2024 година.
Пријавувањето ќе трае се до исполнување на предвидениот број и ја задолжува Комисијата за следење на Јавниот повик да ги разгледува сите понатамошни поднесени пријави на заинтересирани самохрани родители кои ги исполнуваат условите.
Подетални информации може да се добијат од Јавниот повик којшто е објавен на општинската веб страница strumica.gov.mk