Во чест на познатиот актер Игор Маџиров се одржува Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ во организација на НУ Театар за деца и младинци – Скопје.
Во чест на Маџиров, а во интерес на многубројната детска публика, Општина Струмица го поддржа одржувањето на минатогодишното издание на овој фестивал.
Во рамките на воспоставената соработка со театарот, градоначалникот Костадин Костадинов на пречека директорката Катарина Илиевска Силјановска која лично му се заблагодари за поддршката и заедно го потврдија продолжувањето на соработката.