Во последните денови на неколку локации во градот забележана е појава на труење на кучиња. Општина Струмица најостро ја осудува оваа нехумана постапка и ги охрабрува надлежните да ги пронајдат сторителите и со нив да постапат согласно важечките законски прописи.
Истовремено, апелира до сопствениците на кучиња да покажат поголема одговорност и почитување на законските правила и прописи во нивното одгледување.
Имајќи ја в предвид сериозноста на проблемот со кучињата скитници, општина Струмица ги информира граѓаните дека работи на трајно решавање на истиот преку изградба на стационар за бездомни кучиња.
Инаку, од 2015 година општина Струмица спроведува хуман третман кон кучињата скитници, согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.