По повод традиционалниот „Јуручки фестивал“ кој оваа година по 15-ти пат е под покровителство на општина Радовиш, а во организација на КХО на Турците од Источна Македонија, во официјална посета на општина Радовиш се пријателите од збратимените општини Ергене и Ташкопру од Република Турција.
На 29-ти во Сабота во општина Радовиш беше одржан официјален прием од Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, на Градоначалникот на општина Ергене Г-дин Расим Јускел заедно со неговите Советници, како и на претставниците на општина Јалова-Ташкопру.
Покрај посаканото топло добредојде, од страна на Градоначалникот Ристов беше упатена огромна благодарност до Градоначалникот на Ергене за донацијата од нивната општина на 80 броја урбана опрема – клупи, кои ќе бидат поставени во градот и населените места.
И двајцата Градоначалници изразија желба за продаблочување на соработката на повеќе полиња а особено на полето на економијата, бизнисот и туризмот со цел заеднички да се овозможи подобра иднина на нашите збратимени општини и народи, притоа договарајќи „Бизнис посета на делегација од Радовиш на општина Ергене“.