Од денеска вратите на општина Радовиш повторно се отворени, откако во петокот зградата беше затворена заради позитивен тест на Ковид-19 на еден вработен.
а време на викендот е извршена дезинфекција на сите простории.
И утре по завршувањето на работното време повторно ќе се дезинфекцира. Покрај едниот вработен, кој е позитивен на коронавирусот, имаме уште десет вработени во самоизолација. Општината работи нормално и се надевам дека така ќе остане, изјави градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов. Во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.