• Sat. Nov 23rd, 2024

Општина Ново Село бара авиони да се локализира пожарот кај Бајково

ByВане Трајков

Mar 28, 2019

Ново Село го активираше кризниот штаб за да го локализира пожарот кај Бајково. Ангажирани се вработени од општината, комуналното претпријатие Комуна, екипи од полициската станица, Шумското стопанство Беласица и екипи од ТППЕ Струмица

,,Екипите се сеуште на терен и се борат со огнените стихии кои го зафатија овој предел, во меѓувреме е побарана помош од Центарот за управување со кризи,, информираа од општина Ново Село кои барат авиони да се локализира пожарот

– Пожарот се шири кон Стиник и местото не е пристапно за опрема и возила, а самиот ветар значително го отежнува гаснењето.,,вели Александар Гудев командир на ТППЕ Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *