Општина Гевгелија и годинава донираше огревно дрво за социјално загрозените лица во општината. На секој граѓанин – корисник на постојана парична помош ќе им биде даден по еден метар кубен огревно дрво. Станува збор за 42 лица, кои согласно евиденцијата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа се корисници на постојана парична помош. ЈП Македонски шуми -ПЕ„Кожуф“ во Гевгелија
веќе започна со испораката на донираното огревно дрво на корисниците.