Врз основа на член 60 од Законот за основно образование („Сл. весник на РСМ“ бр. 161/2019 и 229/2020), основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се органиизра во три периоди.
Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2024 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2018 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари, 2019 година. Уписот ќе се врши од 1 до 31 мај 2024 година, во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата.
Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
Родителите задолжително закажуваат термин за прием на документите и интервју со детето во основните училишта на следниве телефонски броеви:
- ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија 078/447-373;
- ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија 075/542-235;
- ООУ „Климент Охридски“ – Миравци 070/670-440;
- ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци 078/232-499.