Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделиеднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца, објави општината на својата веб страна.
Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.