На 11 јануари 2024 година, Општина Гевгелија го организира Третиот форум во заедницата за презентација на шесте предлог-проекти за заштита на животната средина, коишто граѓаните- работните групи ги развиваат преку предлог- концептите на Втората форумска сесија:
– Изградба на велосипедска и пешачка патека, адаптирани и за лицата со попреченост;
– Уредување на паркот и реконструкција на објектот во Смрдлива Вода и негова адаптација за користење и од лицата со попреченост;
– Изградба на спортско-рекреативен парк и рехабилитација на веќе постоечките со содржини за лицата со попреченост, деца и возрасни;
– Селекција и рециклирање на отпад;
– Собирен центар за употреблив отпад од домаќинствата;
– Поставување фотоволтаици на училишните згради.
Имено, Tретата форумска сесија ќе се одржи во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со почеток во 17:00 часот.
Форумите во заедницата, Општина Гевгелија ги спроведува во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамки на Проектот: „Зајакнување на општинските совети“. Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.