Општина Василево обезбеди средства за тампонирање на полскиот пат од Ангелци кон Струмица во месноста Орман во должина од околу 1100 метри. Патот е широк 3 метри, ќе биде посипан со околу 660 м3 чакал.
„Решаваме горлив проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини во овој дел на Ангелци. Оваа инвестиција е наш одговор на барањата на земјоделците и во таа насока, продолжуваме понатаму“, објави градоначалникот Славе Андонов.
Тој најави дека ќе биде обезбедена и поддршка за решавање на проблемите на земјоделците поврзани со земјоделската патна инфраструктура во општината и во други населени места.