• Sat. Nov 23rd, 2024

Општина Василево во Понеделник ќе ја одржи 38 ма седница на советот

Дневен ред за 38-ма Седница на Советот на општина Василево
Во понеделник, 14.03.2016 година, со почеток во 14,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 38-ма седница .

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2015 година.
2. Годишен извештај на општина Василево за 2015 година.
3. Предлог-одлука за одтуѓување на движни ствари во сопственост на општина Василево.
4. Програма за реализација на настава во природа за учениците од пето одделение за учебната 2015/2016 година во ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
5. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот за „Изградба на мост на Сушевски порој“.
6. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот за „Изградба-продолжување на улица од црква до игралиште во Василево“.
7. Предлог-одлука за приоритет на проект за „Изградба–продолжување на улица од црква до игралиште во Василево“.
8. Предлог-одлука за приоритет на проектот за „Изградба на мост на Сушевски порој“.
Предлог-одлука за продолжување на важноста на Програмата бр.03-1491/1 од 18.07.2013 год.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *