Во обид да се реши проблемот со сѐ поголемиот број на кучиња – скитници во градот, Општина Валандово, во соработка со Општините од Југоисточниот плански регион, заеднички ќе учествуваат во изградба на две регионални прифатилишта за напуштените кучиња.
Според планот, урбаните општини во кои спаѓа и Валандово, во изградбата на објектите ќе учествуваат со средства во висина од 500.000 денари, руралните општини со по 150.000, додека двата града на чија територија ќе се градат стационарите, Гевгелија и Струмица, со по 2.7 милиони денари.
Околу 12 милиони денари од овие средства ги обезбедува Бирото за регионален развој, а останатите ќе се обезбедат преку кофинансирање.