Општина Босилово зеде учество кон кампањата со која се одбележува Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените. Глобалната кампања започна на 25-ти ноември – Светски ден за борба против насилство врз жените и девојчињата и има за цел да ја подигне нивната свест за преземање на конкретни мерки за прекинување на насилството, бидејќи секое зајакнување на свеста за одреден проблем е првиот чекор кон негово препознавање и решавање, а со тоа и негово искоренување.
Кампањата има глобален карактер, односно во неа се вклучени сите земји од светот, а истата се реализира преку медиумите, невладините организации и други државни и јавни институции и траеше сѐ до 10 декември – Ден на човековите права.