Утре, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ ќе се реализира интерактивна музичко – драмска претстава за децата од основните училишта во општина Гевгелија, која има за цел да ја запознае/едуцира најмладата публика, примарно со поимите во однос на оперската уметност (композитор, режисер, солисти, хор …)
Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите: Кармен, Паљачи, Аида, Травјата, Рита и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.