• Fri. Nov 22nd, 2024

Опаѓа бројот на новопозитивни и хоспитализирани лица со Ковид 19 во Струмица

Опаѓа бројот на новопозитивни и хоспитализирани лица со Ковиод 19 во Струмица. Директорот на ЈЗУ Општа Болница Струмица вели дека во моментов хоспитализирани само 10 лица , а околу 40 се на дневна амбуланта, доѓаат ја примаат терапијата и си заминуваат дома.

Од управата велат дека ги имаат навремено набавено сите потребни лекови како и доволно кислорот кој е потребен на пациентите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во скопје се хоспитализрани 52 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 345 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, велат од министерството за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *