ООУ „Сандо Масев“ од Струмица денешниот наставен ден го помина во одбележување на 21 март, како Светски ден на водата, Ден на пролетта и Светски ден на лицата со Даунов синдром под мотото „Вода, сонце, љубов“.
-За Светскиот ден на водата организиравме работилница од најмалите со цртање се што ги асоцира на вода-кои ќе бидат изложени на паноа во холот на училиштето, информираат од школото.
-Денот на пролетта го одбележуваме со засадување цвеќе од ученици од 2-в одделение ставајќи акцент како треба да се обновува, негува и одржува природата пред влезот и во холот на училиштето, стои во писмената информација.
А, по повод Светскиот ден на лицата со Даун-учениците од 4 одделение заедно со ученици од ликовната секција под менторство на Љубомир Арнаудов сликаа елементи со кои покажаа дека сме сите дел од еден ,,мозаик”наречено општество и дека како надвор така и внатре она што може да не сплоти тоа е љубовта која треба меѓусебно да си ја подаруваме и шириме за полесно сите да егзистираме, објаснуваат од „Сандо Масев“.