Здружението за поддршка на деца со даунов синдром „Вера“ организира онлајн изложба на фотографии „Можам да бидам“. Претседателката на здружението, Анче Туфекчиева, вели дека идејата е да се покаже дека и децата со попречености можат да бидат се што ќе посакаат.
Изложбата е подготвувана подолг период, и требало да се одржи во март, но пандемијата со КОВИД 19 ги промени плановите на организаторите.
Фотографиите ќе бидат достапни и сите што сакаат ќе можат да нарачат.