Олумчев: До Нова Година , Гевгелија со колективен имунитет. Се стабилизира епидемиолошката состојба во Гевгелија
Полека се стабилизира епидемиолошката слика во Гевгелија. Околу 60 отсто од граѓаните во градот и околните населени места веќе се вакцинирани. Интересот за вакцинација и понатаму расте, а епидемиологот Олумчев е оптимист дека ако продолжи ваквата слика до Нова Година , може да се создаде и колективен имунитет.
Вакцини во земјава има, ќе има ли и интерес кај граѓаните, со цел да се постигне повисок праг на имунитет пред најавите за новите ковид мутации. Најновите прогнози на здравствените лица се дека е потребно да се постигне праг на колективен имунитет од 80 до 85 отсто кај населението за да се спречи ширењето на вирусот. Но, овој праг ќе може да се постигне само ако со вакцинацијата бидат опфатени и адолесцентите.
За разлика од Гевгелија која е меѓу општините не само во регионот туку и во земава по процент на вакцинираност на населението, Струмица како најголема општина е со слаб интерес, процентот е околу 36.