Одбојкарите на Џио Струмица се без конкуренција во прволигашкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Есенскиот дел од првенството го завршија без пораз и изгубен сет. Последни во низата на екипи што ја почуствуваа моќта на струмичани беше тимот на УГД од Штип кој од салата Партизан замина со пораз од 3:0 во сетови
Избраниците на Кире Ричлиев вчера го одиграа и заостанатитот меч со тимот на Весна Пробиштип во кој исто така беа неприкосновени и славеа со 3:0 во сетови
Првата полуетапа струмичани ја завршија со вкупно 9 победи собраа вкупно 27 бода и веќе се најсериозни кандидати за освојување на шампионската титула. Зад нив се тимовите на Универзитет Тетово , Вардар од Скопје и Весна Пробиштип.