• Fri. Nov 22nd, 2024

ОК Струмица и понатаму шампионски, го секнаа и Вардар во Партизан

Одбојкарите на Струмица  останаа единствената непоразена екипа по шест првенствени кола во првата машка одбојкарска лига на Македонија. Шампионот го надигра и скопски Вардар на свој терен, во натпревар кој требаше да биде дерби оти играа  двата непоразени тима.  Но место дерби, на теренот во Партизан, апсолутна доминација имаа струмичани кои очигледно немаат достоинствен противник во годинашниов шампионат.

Струмица одигра шампионски и во ниту еден момент не дозволи на гостите да се надеваат на поволен резултат во салата Партизан. Со ова победа струмичани со вкупно пет победи од пет натпревари се на лидерската позиција со вкупно 15 бода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *